LHASA DE SELA

(September 27, 1972 – January 1, 2010)


Me entrego a tus brazos
Con miedo y con calma
Y un ruego en la boca
Y un ruego en el alma

About Mehmed Begić

Mehmed Begic (1977) was born in Capljina, Bosnia and Herzegovina. He studied South Slavic languages and literature at Pedagogical Institute of Mostar, Pedagogy, as well as comparative literature at the Faculty of Philosophy in Sarajevo. He has completed none of the above. Lives in Managua, Nicaragua.
This entry was posted in Muzika, video. Bookmark the permalink.

One Response to LHASA DE SELA

  1. Sassko says:

    Lhasa de Sela и тишината
    January 5, 2010 at 2:02pm

    Lhasa de Sela почина првиот ден од Новата година, по борбата со ракот која траела дваесет и еден месец. Имаше триесет и седум години.
    Кога ја запознав Ласа за неа немав слушнато воопшто. По некоја случајност, пред десетина годни се најдов во Истанбул за време на џез фестивалот, најдов карти за концертот таа вечер и отидов од љубопитност. Концертот беше прекрасен, имав впечаток дека публиката беше мала, ама одбрана и знаеше за што е дојдена. Се прашував како не сум слушнал за неа претходно. Изведуваше песни на англиски, француски и шпански, музиката беше нагласено акустична, сериозна и малку тажна, иако Ласа постојано се смешкаше. Од нејзината физиономија, особено цртите на лицето не можев да прочитам за нејзиното потекло, не можев ништо со сигурност да одредам, а сепак зрачеше некоја убавина, особено очите кои светкаа цело време. Имаше душа во целата констелација, некоја мудрост, гласот понекогаш вибрираше пеејќи за болка, напуштање и предавство, на моменти можеби и со патос, но без злоба и потреба за одмазда. Вечерта беше прекрасна и заврши на најубав можен начин. Бев со некое мало друштво и не ни се одеше на спиење веднаш, па по концертот одбравме некој мал локал за да ја продолжиме вечерта. Коинциденцијата направи, кратко време по концертот во истиот локал да се појави Ласа со уште неколку музичари кои ја придружуваа. Иако вообичаено сум прилично интровертен и резервиран, станав да ги поздравам и да им честитам.
    Не помина долго време потоа, се случи уште една коинциденција. Тиндерстикс, групата која ми беше на некој начин откровение, пред да ги забележат критичарите на Мелоди Мејкер и која има заслужено најдолг престој на мојата аудио опрема, токму со Ласа ја сними песната „Sometimes It Hurts“ од албумот „Waiting for the Moon“, а подоцна му се придружи на пејачот на Tindersticks, Stuart Staples на неговиот самостоен албум „Leaving Songs“. Нивниот дует „That Leaving Feeling“ во блогот на Би беше одбележан како една од најубавите песни за збогувањата.
    Ласа и нејзината музика ме придружуваа во некои клучни мигови и случувања, кога можев да избирам помеѓу неа и тишината. Ја претпочитав Ласа пред тишината.