BT_МЕЃУ ЧЕКОРИТЕ

[ mixtape: here or here ; — ( walking; 
knowing steps that will burn the rhymes)]

понеси ја својата уморна насмевка,
на врвната љубов ќе ѝ стои
како морнарска кабаница,
понекогаш сина,
често жолта и зеленоока,
пружи го чекорот,
од планината до морето има километри,
ногата можеби ќе ја откаже послушноста,
ќе ја влечеш,
другата секогаш радо ќе влече,
драгото срце издава команди,
куца е љубовта
осветлени се улиците,
баровите се полни луѓе на ситни саати,
тие би пиеле, би се дрогирале,
тие би се ебеле и танцувале,
ти би разговарал,
твоите дроги канат на заминувања
тебе те канат мокрите плочници
на скитања од јануари до декември,
би сакал да сфатиш и да знаеш,
сè да ти е јасно
дури и кога мора да се измислува,
за тебе нема сопирање,
те возбудуваат лажливите сеќавања
набиени меѓу чекорите,
за љубовта тука се работи,
семоќна во исчекувањето,
маестрална во мечтаењето, за бајките
кои зад себе ги оставаат празните шишиња,
скршените чаши, бледите утра
после сите тие мрачни ноќи барање,
кај тебе мора така,
баш такво те сакам,
слатко срце, секоја твоја команда
одлучно одбивам да ја извршам,
твојата тишина е моја судбина

[translated by Igor Isakovski]

*     *     *

[photo: Hungry Shadow ]

About Mehmed Begić

Mehmed Begic (1977) was born in Capljina, Bosnia and Herzegovina. He studied South Slavic languages and literature at Pedagogical Institute of Mostar, Pedagogy, as well as comparative literature at the Faculty of Philosophy in Sarajevo. He has completed none of the above. Lives in Managua, Nicaragua.
This entry was posted in Muzika, photography, Poezija. Bookmark the permalink.